Градоначалникот со големи долгови, нулта корупција и многу проекти

Во Македонија кога се зборува за градоначалници се мисли на татковците и мајките на големите и богати општини Скопје, Битола, Аеродром, Тетово, Струга…



Градоначалниците на малите сиромашни општини не се интересни за медиумите поради што expres.mk во обид да ја смени таа слика пренесува интервју со еден градоначалник кој има многу резултати но нема Пи – Ар истите да ги промовира.

Општина Македонски Брод e општина со нулта толеранција за корупција, општина со непродуктивни трошоци сведени на минимум и трошоци за репрезентација еднакви на нула.

Кога оваа изјава при својот отчет за сработеното пред неколку месеци ја даде Жарко Ристески, градоначалникот на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ ја разбуди вербата на граѓаните дека ќе се врати животот во општината која го живее ова наше сиромашно секојдневие, но изобилува со недопрена природна убавина, јавува порталот Глаголица.

Многумина, тогаш, се уверија дека не направиле погрешна проценка кога на локалните избори го дале својот глас за Ристески, магистер по менаџмент на човечки ресурси затоа што, како што велат жителите, многу работи се сменија на подобро. Градоначалникот ќе го видите и на еколошка манифестација и на спортски настани, на увид на изградба на улици, водоводна мрежа, паркови, како што сега од депонија се прави паркот „Алкалоид“, но може да го видите и како рамо до рамо со своите сожители прави генералка на околината.

Целото интервју на Глаголица со Ристески на овој линк

https://glagolica.mk/intervjua/gradonachalnikot-risteski-ja-vrakja-nadezhta-vo-zhednoto-poreche-gradi-vodovod-se-grizhi