Градоначалникот шверцер со цигари пуштен од затвор поради добро однесување

Градоначалник на општина Ново Село Боро Стојчев, кој требаше да биде во затвор шест месеци поради шверц со цигари е пуштен порано на слобода поради примерно однесување.



Стојчев во јули беше фатен од полицијата додека се обидувал да шверцува цигари по што направи договор со обвинителството и беше осуден на 18 месеци но по жалбата казната му беше скратена и требаше да лежи само 6 месеци.

Во затвор замина откако беше откриено дека е правосилно осуден на затворска казна за друго дело пред 3 години.

Кривичниот совет на струмичкиот суд не го прифати предлогот за отповикување на условната казна за градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев за кривично дело за кое во 2015 година бил осуден условно на две години затвор доколку не го повтори делото следните четири.

Од судот во октомври информираа дека предлогот на обвинителството бил отфрлен како недозволен. Причината била непостоење посебна постапка за отповикување за ново дело. Тоа можело да се направи само за време на постапката која се водеше против него за кривичното дело криумчарење на цигари.

Во меѓувреме Стојчев си поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село и тоа напишана на рака. Во писмената изјава до советот на општината Стојчев наведе дека оставката ја поднесува од морални причини.

Наскоро во општина Ново Село следуваат избори за избор на нов градоначалник.