Градоначалникот на Штип Благој Бочваров ги прекршил болничките процедури во гинеколошкото одделение во Клиничката болница во овој град и со тоа предизвикал ризик по здравјето на првото родено дете во оваа болница оваа година.
Наспроти сите забрани и препораки на здраватвените власти тој на мајката на првороденото дете во штипската болница и однесол свежо цвеќе.
На фотографиите објавени со цел да се промовира посетата на Бочваров на болницата се гледа дека дека тој подарил кошница со различни видови свежи цвеќиња.

Во Македонија и во светот свежото цвеќе особено кај новороденчиња е забранет подарок затоа што содржи полен од кој може да се јават алергии и алергиски реакции кај бебето и кај мајката.
И управата на штипската болница сноси дел од одговорноста за прекршените процедури од страна на градоначалникот.
Ниту директорот ниту обезбедувањето не го спречиле градоначалникот да го внесе цвеќето кај родилката.
Познавачи на проблемематиката велат дека процедурите ги прекршил и градоначалникот на Скопје кој заедно со министерот Филипче и министерката Царовска при посета на првото родено бебе во Скопје подариле плишено мече.





