Градоначалникот на Тетово Касами: Ако се изведува македонската државна химна во училиштата, ќе мора и албанската химна!

„Градоначалникот на општина Тетово Билали Касами истакна дека, ако се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна.“објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: „Тоа е политичко прашање. Како градоначалник можам да кажам дека ќе ги почитуваме законите и Уставот, но во исто време мора да ја почитуваме и различноста. Во овој случај, ако се донесе законска одлука за интонирање на државната химна, сигурно оти ќе мора да се почитува и мнозинството граѓани, кои се од албанска етничка припадност, ќе мора да се пее и албанската химна.“ – рече Касами.

Во некои скопски општини, како во Аеродром, учениците во основните училишта секој понеделник пред почетокот на наставата слушаат интонирање на химната.


Поврзани вести

И градоначалници на мали општини прават голем непотизам, си ја земал фамилијата на шетање