Штипскиот градоначалник Сашко Николов на приемот за бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов предложил во училиштата факултативно да се учи бугарскиот јазик.
„Во духот на добрососедството, во духот на подобрата комуникација, дадов предлог до самиот амбасадор дека немам ништо против во нашите училишта факултативно да се изучува бугарскиот јазик, бидејќи секој јазик којшто е познат и е присутен претставува основна комуникација помеѓу народите“, изјави Николов на прес-конференцијата по средбата.






