Градоначалникот на Сарај прифаќа и „затворање“ на општината


„Само со тестирање, со повеќе од 700 тестирања на ден, можеме да дознаеме колку лица се заразени и каде се жариштата на заразените“, изјави денеска градоначалникот на Сарај Блерим Беџети.



Во оваа општина се регистрирани 41 лице заразено со вирусот Ковид – 19 и заразените се од повеќе населени места во општината, изјави градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Тој апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакви фамилијарни и пријателски собири и да одржуваат лична хигиена.

На новинарско прашање дали ќе прифати карантин на Сарај како мерка за спречување на ширење на вирусот, Беџети рече дека ќе ги почитува сите одлуки со кои се заштитува здравјето на граѓаните вклучувајќи ја и одлуката за „затворање“ на општината.