Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најави дека ќе се обиде да најде правно решение за трите платформи на Езерото „Матка“ кои се дивоградби, објави Телма.
Беџети меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста за уривање.
Според него, платформите биле таму со години и станува збор за реновирање и реставрирање, а не за изградба како што објавија медиумите.
На градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој го повика Беџети да си ја заврши работата му порача:
„Избрзана му е изјавата, не држи. Петре треба да ги види другите надлежности кои ги има, а не да се занимава со надлежностите на Општина Сарај“, изјави Беџети.
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам денес се прогласи за ненадлежен за дивите платформи на Матка бидејќи станувало збор за урбана опрема која не е градба од прва категорија, донава СДК.





