Агенција со име „Илјадарка“ закупила простор во Домот на спортови во Пула каде што требаше да се одржи концертот на Душко Кулиш, Драган Којиќ, Ана Бекута и Зоран Миќановиќ – изведувачи на фолк и турбофолк музика, од „источниот опус“ , објави Индекс.хр.
Но концертот бил откажан по волја на градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, кој за тоа изјави:
„Точно е дека апсолутно недвосмислено и јасно кажав дека концерти од ваков тип нема да се одржуваат на јавниот простор на градот Пула и во објекти со кои раководи Градот и дека мислам дека овој музички израз не припаѓа на нашата клима, дух и менталитет на градот“.
„Моја должност е да бидам отворен за сите и на јавен простор, додека сум градоначалник, ќе го промовираме и зачуваме идентитетот на граѓанската, европската и медитеранската Пула со сите нејзини богати мултикултурни и мултиетнички вредности“, додаде тој.
Претходно денеска, организаторите на откажаниот турбо фолк концерт во Пула објавија дека градоначалникот Филип Зоричиќ им пцуел српски мајки и пијан рекол дека не го сака нивното српско ѓубре во неговиот град.
Градоначалникот Зоричиќ експресно ги демантираше.
Тој рече дека ништо од тоа не кажал и се пофали дека Ѓорѓе Балашевиќ станал почесен граѓанин на Пула и дека дури му поставил клупа посветена на градската улица.
Но на демантот на Зоричиќ, организаторите сега велат дека – имаат доказ.
Откако градоначалникот на Пула го забрани концертот, организаторите најавија дека концертот ќе се одржи во Осиек.
Но оттаму се огласи и градоначалникот на Осиек Иван Радиќ кој рече: Не на градски простор .., јавува Индекс.хр.







