Повеќе од 10.000 цивили загинаа во руската опсада на украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави изјави градоначалникот на градот Вадим Бојченко, цитиран од АП.



Според него, бројот на жртвите може да надмине 20.000.

Бојченко ги обвини руските сили дека ги спречиле хуманитарните конвои во градот во обид да го прикријат масакрот таму од надворешниот свет, откако Мариупол беше отсечен од руските напади, кои започнаа веднаш по руската инвазија.

Тој вели дека руските сили однесоа многу тела во огромен трговски центар со магацини и фрижидери, рече Бојченко.

„Пристигнаа мобилни крематориуми во вид на камиони: Ќе го отворите и внатре има цевка и телата се горени“, изјави Бојченко од територија под контрола на Украина, но надвор од Мариупол.

Градоначалникот рече дека има неколку извори кои го опишуваат наводното методично палење на трупови од руските сили во градот, но не ги прецизираше изворите на неговите информации, пренесуваат медиуми..