Градоначалникот на Лозово платил 5 илјади евра за макета на антена во ек на коронакризата

Градоначалникот на Лозово Ацо Велковски од редовите на СДСМ за кого медиумите објавија дека правел мобинг на вработени кои плачеа пред камери дека биле малтретирани а подоцна најави дека ќе ја вработува Атиџе како чистачка во општината со нов скандал во јавноста.



Велковски во текот на кризата со коронавирусот платил над 300000 илјади денари или над 5000 евра за макета на антена.

Во документацијата на апликацијата за јавни набавки не е наведено што е целта на макетата од железо која објективно според познавачите на овој бизнис не вреди повеќе од неколку стотини евра.

Со набавката Велковски создал и други трошоци за макетата која секоја година ќе треба да се шмиргла од ‘рѓата и да се бои со специјална боја.