Градоначалникот на Кисела Вода организира хуманитарна акција за малиот Алексеј

Хуманитарна акција за помош на малиот Алексеј ќе се организира на иницијатива на градоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски. Тој најави дека акцијата ќе ја организира во рамки на фестивалот на инклузија и ги повика сите граѓани да се придружат на акцијата за да се соберат 19.000 евра за лекување.
-Оваа мала душа, се вика Алексеј и има само 3 годинки.
Тој денес има потреба од нас за да биде жив и здрав и да има безгрижно детство, како сите останати дечиња. Тој го заслужува тоа!
За жал, дијагностицирана му е хипоксична енцефалопатија – ретка болест која на мозочето на Алексеј му недостасува кислород и која создава ризик од многу посериозни последици.
За да ова златно детенце продолжи да живее, ние сите заедно мора да собереме 19.000 евра за да своето лекување го продолжи во болницата ,,Лив Хоспитал” во Турција каде што ќе му бидат пресадени матични клетки. Ние сите заедно, во име на хуманоста мора да се сплотиме! За таа цел, на фестивалот на инклузија кој започнува утре и ќе трае следните три дена, ќе бидат постсвени кутии каде што секој посетител ќе може да даде свој доброволен прилог за лекувањето на Алексеј, повикува градоначалнкот Георгиевски.
Достапни се и телефонски броеви на кои можат сите добронамерници од Македонија да донираат:
143 476 за корисниците на А1 и;
143 132 за корисниците на Телеком.
Достапна е и донаторска сметка:
250500025372085 SPARKASSE
АЛЕКСЕЈ ИВАНОВСКИ
Девизна сметка:
IBAN-MK07250780007344137
SWIFT-INSBMK22, SPARKASSE
– Знам дека мојот народ во Македонија е хуман и солидарен и многу пати го докажал тоа, ајде тоа повторно да го направиме за Алексеј!
Можеме!, додава Георгиевски.