Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев зимоска објавил вест за која сега се покажува дека е лажна.
Тој за ТВ 21 изјавил дека до почетокот на јуни ќе го асфалтира руинираниот пат што води до Детската клиника Козле но веќе тече август а патот долг само 500 метри се уште е во катастрофална состојба.
Поради тоа новинарите на ТВ 21 го обвинуваат Богоев дека лаже.
Сега останува да се види дали Богоев ќе биде санкциониран од владините ПР советници Марјан Забрчанец и Петрит Сарачини кои се ревносни само кога се работи за критички медиуми и опозициски политичари или ќе соберат храброст и ќе го гонат и својот сопартиец за ширење дезинформации.
па премлад е за да му стане навика да лаже, ама ако излажа за петстотини метри асфалт…@sbogoev @OpstinaKarpos #рекет pic.twitter.com/XvLczYuvL9
— FurKlan (@FurkanSaliu) August 5, 2019





