Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Илинден се огради од градоначалникот Жика Стојановски, (избран кандидат од оваа партија на локалните избори ) кој вчера беше присутен на пресот на т.н. иницијативен одбор за „Промени во ВМРО- ДПМНЕ“ каде беше побарана смена на Христијан Мицкоски.



„Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски имаше 3 години да покаже дека сме сериозна структура со конзистентни политики, која прво ќе ја освои, а потоа ќе ја оправда довербата“, изјави вчера градоначалникот Стојановски.

На ова од ОК Илинден реагираат:

„Сметаме дека постапките се водени од личен интерес и се во спротивност со политиките на партијата и комитетот. Во таа насока истакнуваме дека не подржуваме вакви активности и постапки кои се во спротивност со статутот на партијата и истите ги осудуваме“.