Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски кој преку општината организира субвенционирање на граѓани за купување велосипеди вози скап примерок на швајцарски модел.
Според цените на моделот ,,Тур де Свис” (кои се достапни онлајн , во продавница се уште поскапи) се работи за велосипед вреден околу 5500 швајцарски франци или исто толку во евра.

Велосипедот на градоначалникот од СДСМ кој вреди колку негови 5 месечни плати е од моделот Катизма и е електричен односно може да се вози и со помош на батерија.







