Градоначалникот на Центар најави дека ќе урне владина рампа

Градоначалникот на општина Горан Герасимовски најави дека уривање на дивоградбата (рампа) на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) ќе биде приоритет на Општина Центар, доколку СОЗР во меѓувреме не ја урне сама, објави „360 степени“.



Од владината служба велат дека ја примиле наредбата за рушење на спорните елементи и дека „Службата ќе постапи во рамки на Законот“.

Владината Служба за општи и заеднички работи изградила и оградила улица на диво во центарот на Скопје.

Соседите на владината служба се жалат дека на улицата и до објектите не можат да пристапат ниту пожарна, ниту Брза помош.
„Со кое право тие затвораат пристап до приватна сопственост, ни пешки не се поминува ни со кола, мене стварно не ми е јасно“ велат тие за 360 степени.