Градоначалникот на Благоевград се надева дека македонскиот клуб нема да биде повод за тензии

Илко Стојанов, градоначалник на Благоевград, за Бугарската телеграфска агенција (БТА) се произнесе околу отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ најавено за в недела.



„Благоевград е мултинационален град, тука отсекогаш живееле луѓе од различни националности, немаме никаков проблем меѓусебе, напротив, ние сме една заедница. До овој момент немало тензија во градот, се надевам дека и понатаму ќе нема и оти овој клуб нема да биде повод и нема цел создавање тензија“, изјави тој.

Стојанов нагласува дека клубот се отвора на приватен имот и општината нема врска со тоа, освен што добила писмо од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права со известување за отворањето. Тој додава и дека општината има одлична соработка со локални власти од Македонија.