Градоначалникот Јакимовски сака да биде претседател

„Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, вели градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во СТУДИО 10 на ТВ 24.



Вели дека размислува да се кандидира за претседател, дека досега не разговарал со политички фактори, но дека од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.

За оние кои пропагираат претседател да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, вели дека прават калкулации да се избира претседател Албанец. 

„Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции…

Претседателот треба да има поголемо влијание и во судската власт оти него го бираат сите граѓани. Тоа е и причината што треба да биде неутрален, но и да има повеќе ингеренции и подолг мандат“, велик Јакимовски.