Градоначалник злоупотребува малолетно девојче во пресметка со политички ривали (ФОТО)

Реакција на објава на градоначалник на Делчево од СДСМ кој со непримерен напад врз ВМРО-ДПМНЕ ја вжештува политичката атмосфера.



Одговорот доаѓа од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој ја анализира пораката на Фејсбук.

“Ова е вистината за СДСМ и каква бандитска организација е тоа!

Да објаснам нешто за Горан Трајковски.
Горан е градоначалник на Делчево, еден од коруптивната банда на заевистан.

Горан градоначалникот јавно пишува “Е*БЕЊЕ МАЈКА” а опозицијата ја квалификува со “Неандерталци неписмени гнасни”.
* А “Е*ЕЊЕТО МАЈКА” го инсертира со малолетни девојчиња*

Притоа, Горан пишува за “Ветре од Водно” спуштено со Шкода Октавија.
А Горан е близок роднина на оној висок полициски функционер од СДСМ, што го бркаа со Шкода Октавија на Водно, заради секс-афера во забранета зона за движење среде карантин!
И којшто предизвика страшна сообраќајна несреќа додека бегаше!
Веројатно на тоа “дување” мисли!

Е сега доколку СЕТО раководство на СДСМ, Заев и неговите марионети не се извинат и не побараат одговорност од него, значи дека Горан го изразува нивниот став.

После нека зборат за прекинување на поделбите и за партизацијата.

А Горан? Е со Горан ќе се разговара. Има време.

Ќе “продува” и сам ќе се нуди за “дување”, пишува Стоилковски.