Ф.Л. „Баба“ Коупленд – кој исто така бил свештеник во блиската црква – се застрелал во петокот, објави Sky News.



Градоначалникот Коупленд побарал десничарска веб-страница да не ги објавува фотографиите, но таа одбила и продолжила со приказната, а два дена подоцна тој бил мртов.

„Она што го правам во приватниот живот нема никаква врска со она што го правам во мојот свет живот“ – реагирал претходно Коупленд на објавувањето на фотките.

„Дали ова има некакво влијание врз мене да бидам градоначалник, што понекогаш се облекувам или понекогаш се шминкам? Дали тоа има некаква врска со тоа што сум градоначалник или пастор?

Објавувањето на приказната наиде на осуда од демократски сенатор во државата, кој рече дека е „тажно и одвратно“ како се однесувале кон Коупленд.

„Живееме во злобен, горчлив свет каде што самобендисаните имаат тенденција да фрлаат најголеми камења“, додал сенаторот Даг Џонс во изјавата.