Градоначалник на СДСМ ќе троши фантастични 6000 евра месечно за статуси на Фејсбук и слично

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин склучил договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи, јавува 24 Вести.



Договорот е склучен минатата недела. А имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „Меккен“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат за телевизијата „дополнител стручен сервис оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“

Според договорот Агенцијата ќе треба да куца соопштенија, да изработува презентации, да пушта покани до медиумите за настани, да прави листа од можни прашања од медиумите за Марин, но и да ги смисли неговите одговори.

Покрај организација на настани, кампањи, Агенцијата треба да се грижи и за протоколот на градоначалникот. Да му подготви предлог начин за обраќање и движење на Марин на јавните настапи. Да смислува содржини за Општината на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“. Во 18 ставки во договорот е наведено се што треба да сработи за да добие 73.000 евра за една година, или во просек по 6.000 евра месечно.

Целата информација на овој линк