Функционер на ,,прозападниот” СДСМ на средба со човек на Путин

Во моменти кога владеачката СДСМ со сиот свој медиумски арсенал се обидува да докаже дека опозицијата освен што “се распаѓа” води антизападна кампања нејзин влијателен функционер заминал во недефинирана но скапа посета на руски град каде се сретнал со влијателен член на Единствена Русија,партија на Владимир Путин.



“Ново пријателство на Волгоград и Куманово, со почитуваниот Андреј Владимирович.
Градови носители на порака на мирот”, напишал градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на пост кој го споделува руската амбасада во Скопје.

Што точно правел Димитриев во Волоград до каде со возило се патува над 2400 километри а авионските карти се над 700 евра по патник, не се открива од страна на СДСМ или општина Куманово.

Општина Куманово на својата интернет страница нема никаква информација за посетата на далечниот руски град.

Општината и кабинетот на градоначалникот не откриваат дали Димитриев на долгиот скап заминал во потрага по руски инвестиции, дали главна цел на патувањето е поддршка на светскиот мир преку пријателство со Волоград или пак се работи за обично туристичко патување на сметка на кумановските граѓани.

Димитриевски во својата објава не објавува дали на пат заминал сам или со делегација.

Првиот човек на Волгоград Андреј Владимирович Косолапов со кого се сретнал Димитриевски важи за човек од доверба на рускиот претседател Путин кој го именувал за кандидат за градоначалник на градот кој 6 дена во годината го носи старото име Сталинград.

Косолапов за западниот печат стана интересен пред и за време на светското првенство во фудбал кога нареди масовно убиство на кучиња скитници.

Можеби Димитриевски кај својот домаќин заминал да ја добие формулата за справување со кучињата скитници во Куманово.

Димитриевски е член на највисокиот извршен орган на СДСМ и по кумановска линија важи за близок на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.