Градоначалник на ДУИ ја навреди Германија (ФОТО)

Градоначалникот на Теарце од редовите на ДУИ направи груба протоколарна грешка со што врши директна навреда на македонскиот стратешки партнер и пријател Сојузна Република Германија.



За време на средбата со американскиот член на Мировниот корпус кој го изготви контраверзното знаме со 16 крако сонце и орел, јавноста дозна за навредата кон Германија, најверојатно направена од незнаење на градоначалникот на Теарце Исен Асани и неговиот кабинет.

Во позадината на фотографијата се гледа дека германското знаме е свртено наопаку.

Наместо знамето да биде поставено со црната боја одозгора како што треба според официјалното знаме на Германците во оваа ситуација одозгора е поставен жолтата која е една од трите национални бои на Германија.

Според дипломатските протоколи ако знамето на една земја е поставено превртено тоа значи дека се случуваат вонредни околности, огромна опасност по населението и јавните добра, како најава за елементарни непогоди.

Во воениот протокол превртено знаме може да значи предавање на национална војска на друга странска сила или прифаќање окупација.

Општината Теарце се уште не се извини за протоколарниот гаф што значи дека или се уште не е свесна за навредата или пак некој во оваа општина намерно сака да ја понижи Германија.

Аномалијата со германското знаме прв ја забележа правникот од КУманово Марко Георгиевски
https://www.facebook.com/profile.php?id=100009061696026&lst=1317270620%3A100009061696026%3A1545491430&sk=about