Дали градоначалник менува закон затоа што Спасовски се плаши или е уценет да прати специјалци за уривање дивоградби на ,,Пластичарска”

Се обидува ли градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски да смени закон затоа што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се плаши или е уценет да прати специјалци за уривање дивоградби на ,,Пластичарска”.



Откако два пати за кратко време Спасовски ги повлече специјалците кои требаше да асистираат на уривање на две огромни дивоградби на улицата ,,Пластичарска” Герасимовски сега предлага смена на законот со што ќе го спаси и Спасовски кој нема да влегува во војна со луѓето што стојат зад дивоградбите а кои можат да му помагаат во кандидатурата за претседател на Македонија.

Герасимовски кој според предлогот воопшто не ги познава законите а најверојатно притиснат од Спасовски и СДСМ порачува ,,ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ДЕН!”, затоа што до Заедницата на општини (ЗЕЛС) ја доставил иницијативата за Конфискација на дивоградби на која интензивно работел изминатите недели.

,,Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи.

По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на нејзината територија чие рушење чини стотици илјади евра. Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство”, напиша Герасимовски без да знае дека повеќе пречки за општините да стекнуваат и располагаат со дивоградби кои секако не можат да бидат легализирани.

Конкретно една од огромните дивоградби за кои зборува Герасимовски а се наоѓа на улицата Пластичарска за која Спасовски се повлече од непознати , се договори со сопствениците, се уплаши или е уценет по што ја укина наредбата и не испрати полициска асистенција, е на имот на Република Македонија.