„Ако сте уличарка не мора никој да ве трпи тука“, ѝ рече градоналничката Данела Арсовска на советничката од СДСМ Љубица Јанчева во дискусијата околу тоа дали има или не блокадата на сметката на Град Скопје, пренесе СДК.
„Каде се парите? Година и пол прашуваме и добиваме одговор дека ќе има реализација на проекти, па еве денеска пак прашуваме“ рече Јанчева и ги наброја сите проекти кои беа ветени и за кои се добиени и средства…
„Доколку сметката на Град Скопје не е блокирана, јас барам да ни се достави финансиска картичка за конто 220 и 221 за доспеани обврски од земјата и од странство, како за Град Скопје така и за јавните претпријатија. Јас барам дневен извештај за состојбата на сметката и нам како советници тоа треба да ни биде овозможено“ порача Јанчева додавајќи дека Буџетот на Градот за оваа година е некаде околу 700 милиони денари, а дополнително актуелната градска власт има наследено 13 милиони евра во градската каса.
Градоначалничката Арсовска во кавгата рече дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се во коалиција против неа и убедуваше дека Градот е во одлична финансиска состојба, нема блокирана сметка, но не достави никакви документи за тоа.
Реагираше советничката на ВМРО-ДПМНЕ која рече дека дискусијата не треба се сведува на ниско ниво иако на сите им е јасно дека на градоначачлничката не ѝ одговара оваа дискусија.
„Не е симната под ниво дискусијата, вие сте под секакво ниво, инструирани од вашите лидери“, рече Арсовска.






