Обидот на најголем дел од градоначалниците пред избори да ги изманипулираат граѓаните и нивното неработење да го скријат со ветување за работа во иднина не поминува.
“Градоначалнициве 3 и пол години од кафана не можевме да ги извадиме, да закрпат една дупка у асфалт. Сеа пред избори, не можат новинариве да постигнат од пресови за најава на нови проекти, кои ќе се завршат за 3-4 години”, пишува еден корисник на Твитер кој во пет реда објаснува како манипулираат градоначалниците кои не можат да се пофалат со веќе изградени проекти.
Градоначалнициве 3 и пол години од кафана не можевме да ги извадиме, да закрпат една дупка у асфалт. Сеа пред избори, не можат новинариве да постигнат од пресови за најава на нови проекти, кои ќе се завршат за 3-4 години.
— сезнајко (@seznajko3) July 25, 2021






