Од денеска градинките пак ќе ги примаат децата од предучилишна возраст, откако Советот на СОНК синоќа одлучил штрајкот во градинките да биде ставен во мирување.
Од друга страна продолжува штрајкот на вработените во основното и средното образование, откако Синдикатот на образованието, науката и културата остана на барања за зголемување на платите од 18,4 проценти.
По понудата на владата од 12 насто зголемување што би стартувало од јули, 388 од вкупно 480 синдикални организации се зијаснија за продолжување на штрајкот.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков , рече дека и натаму се отворени за преговори и најави дека во среда на 4-ти мај ќе се одржи и голем протест пред Владата.






