Град во соседството избран за најатрактивен во светот

Студијата спроведена од веб-страницата Money.co.uk покажува кои градови се оценети како најдобри во светот кога станува збор за хотели, ресторани, ноќен живот и атракции за посета.



Во сите категории, Атина е рангирана на прво место, со 19,7 отсто од хотелите, рестораните, ноќниот живот и работите што треба да се прават и видат високо оценети. Покрај тоа што Атина е најдобро рангиран град по активности, Атина е на второ место по хотели и ноќен живот.

Вториот на листата е Лисабон – со најголем број на активности и атракции со пет ѕвезди – со 40 проценти од неговите атракции го добија ова признание од туристите. Градот е познат и по одличната храна и не е далеку од многу плажи.

На трето место е Фиренца, во срцето на италијанскиот регион Тоскана. Како дом на ренесансата, Фиренца е богата со историја, уметност и архитектура. Иако во ниту еден фактор не постигна особено висок резултат, во вкупниот пласман го зазеде третото место.

Градот со најдобро оценети хотели во светот е Лос Анџелес – 16,9 отсто од хотелите во градот биле оценети со пет ѕвезди од посетителите.

Град со највисока оценка за ресторани е Брисел

Што се однесува до пабовите, баровите и клубовите, грчкиот остров Родос е високо рангиран – 37,2 отсто од местата за ноќен живот се оценети со пет ѕвезди.

Целиот список: 1. Атина (Грција) 2. Лисабон (Португалија) 3. Фиренца (Италија) 4. Единбург (Обединето Кралство) 5. Хонолулу (САД) 6. Родос (Грција) 7. Даблин (Ирска) 8. Венеција (Италија) 9. Прага (Чешка) 10. Амстердам (Холандија)