Силна снежна бура што го парализира западниот дел на американската држава Њујорк за време на Божиќниот викенд, „уби“ најмалку 27 лица.
Бројот на смртни случаи поврзани со невремето во областа скокна во 14 во текот на ноќта и денот, меѓу кои и лица кои починале во нивните автомобили или од срцеви проблеми поради силниот ветер и снег.
„За жал, ние сè уште извлекуваме тела“ изјави полицискиот комесар во Бафало.



Според NBC News, поради ефектите од временските услови и ладното на Арктикот што ги погоди поголемиот дел од САД за време на викендот, најмалку 60 луѓе загинаа во целата земја.

Снежната бура во областа на Бафало, вториот по големина град во Њујоирк , се смета за најлошото во последните 45 години.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул изјави дека ова невреме ќе влезе во историјата како „Blizzard 22“, рангирана како најлоша снежна бура од 1977 година, кога загинаа околу 30 луѓе.

Претседателот на Соединетите држави Џо Бајден во понеделникот објави на Твитер дека разговарал со Хохул и дека неговата администрација ќе помогне да се покријат големите трошоци поврзани со спасување и закрепнување од невреме.
„Моето срце е со оние што ги загубија своите најблиски овој празничен викенд“, напиша Бајден.