Топлотниот бран што моментално ја зафати Грција ги искачи температурите до нови рекорди во неделата, според мерењата на Националната опсерваторија во Атина.



Градот Гитео, лоциран во регионот на Пелопонез, доживеа апсолутна максимална температура од 46,4 степени Целзиусови. Со ова е поставен нов рекорд за највисока температура досега забележана во Грција од почетокот на рекордите во 2006 година.

На Краниди, исто така на Пелопонез, е забележана втората највисока температура од 45,9 степени, јавува GreekReporter.

Топлотниот бран во Грција ќе стане најдолгиот во историјата на земјата.

„Според податоците, веројатно ќе поминеме низ 16-17 дена топлотен бран, каков што досега не се случил во нашата земја“, изјави за телевизијата ЕРТ Костас Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија.

Тоа е затоа што се предвидуваше дека температурите ќе се искачат над 40 Целзиусови во текот на следните неколку дена, што може да го направи најтоплиот јулски викенд во последните половина век.

„Овој викенд беше најжешкиот регистриран во јули во последните 50 години“, рече Панајотис Јанопулос, метеоролог во државната телевизија ЕРТ.

„Атина ќе има температури над 40 Целзиусови шест до седум дена, до крајот на јули“.