Град Скопје се пофали со нов проект.
Поправени се оштетените улични столпчиња пред ТЦ „Мавровка“.
“Со поставените столпчиња ќе се стави крај на непрописно паркираните возила по овој булевар и се ослободува просторот наменет за пешаците и велосипедистите #скопје #skopje”, се вели во објавата на тимот на Петре Шилегов.
Но не сите се задоволни. Најмалку задоволен е функционерот на ДУИ Бекир Асани кој паркираше на забранетиот простор пред Мавровка и кој ја нападна полицајката Јаначковска која сакаше да му го крене возилото за непрописно паркирање.
Незадоволни се и други кои паркираат кај ќе стигнат без да бидат казнети.






