Град Скопје се наоѓа во голема криза, тврди министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Но како што вели од владата ќе имале слух во поглед на решавање на актуелните проблеми во главниот град.
-Се согласивме со градоначалничката дека треба помош и можеме да се вклучиме. За подземниот тунел (кај Лимак) што треба да излезе кај зградата на Нова Македонија, пари нема, но ќе ги бараме и ќе го решаваме фаза по фаза, изјави министерот за Студио 10 на ТВ24.
Тој додава дека, среќни околности е што еден поголем дел е завршен кон Кисела Вода, но најпроблематичниот дел е како ќе ја преминеме улицата Св. Климент Охридски. Не е само техничкиот проблем, туку треба да се разреши и сообраќајот. Водњанска треба да биде неколку месеци затворена, ќе има директна блокада и Владата треба да најде решение.





