Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе почне од денесд и ќе заврши најдоцна до петок, односно до 4 септември.
Како што информираат од Град Скопје, прскањето од земја ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – соопштуваат од Град Скопје.





