Град Скопје нема да им плаќа на приватните „субстандардни“ автобуси!?

За разлика од градските автобуси на ЈСП, кај една група на приватни превозници биле регистрирани низа неправилности и нерегуларности во нивното работење, како и неисполнувањето на услугите за кои тие наплаќаат од ЈСП, објвија од Град Скопје откако веќе трет ден автобусите на „Макекспрес“ не сообраќаат на редовните линии..



„Станува збор за субстандардни услови на автобусите, нивната техничка неисправност, саботажа на системот за следење на движењето на нивните автобуси па се до неисправност на фискалните уреди и непочитување на утврдениот возен ред.

Сето ова ни дава за право да ја преиспитаме оправданоста на висината на сумата која оваа група на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги.

ЈСП и Град Скопје во неколку наврати укажаа на овие пропусти и недостатоци, дури беше даден и рок за да се подобрат квалитетот на авотбусите и нивната техничка исправност“, нагласуваат од Град Скопје.

Во моментов граѓаните добиваат редовна услуга бидејќи овие линии ги „покриваат“ автобусите на ЈСП.