Град Скопје годинава нема никакава официјална објава за прославата на „13 Ноември“ и 78 години од ослободувањето од фашизмот, нема покани или вест до медиумите…
За прв пат не се објавени ни добитниците на највисоката градска наградата „13 Ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатори а ги врачува градоначалникот…
Вообичаено, добитниците на наградата официјално се објавуваат во почетокот на ноември. Наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот, потсетува СДК..
Лани се случи уште еден преседан: Градоначалничката Данела Арсовска, тогаш на почетокот на својот мандат, не дојде на свеченоста за доделување на 13-Ноемвриските награди, не им ги врачи наградите на добитниците туку тоа го сторија од жири комисијата, а не присуствуваше ни на свеченоста во Филхармонија…
Тоа беше првпат градоначалник на Скопје да не ги врачи наградите.







