Ф’стаци, бадеми лешници, индиски ореви, кикирики се дел од набавката на Град Скопје објавена на Бирото за јавни набавки, дознава Сител.
Пакувањата на јаткаските производи треба да бидат од 100 до 500 грама,а свевкупно се работи за 60 килограми ф’стаци, 90 кг. бадеми, 55 килограми лешници и по 30 килограми кикирики и печени индиски ореви. Или вкупно 265 килограми апетисани, кои чинат речиси 3.000 евра.
Набавката се однесува за две години, а на тендерот имало само еден понудувач.
Освен ова, Градот набавува и сувоместани производи и тоа свинска и телешка печеница, виршли и салами , врат, колбаси, пилешки гради, но и овчо и кравјо сирење, јогурт со висока масленост, путер, овчи кашкавал и млеко. Конзерви риба и нарезак, јајца, ајвар, мед мармелад …





