Град Скопје ќе вработи нови 135 лица!

Владеачкото мнозинство во Советот на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов денес донесе одлука за 135 нови вработувања на определено време во градот Скопје, за кои советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласаше против.



Меѓу листата на работни места која се отвора е и за дополнителен возач на Шилегов затоа што претходно вработениот е унапреден во раководител на одделение во друго градско претпријатие.

Пред изборите Шилегов и Зоран Заев ветуваа намалување на градската администрација за 20 проценти. Инфомакс