ЈСП не ја врши исплатата кон приватните превозници, поради што, по 3 месеци доцнење, тие најавуваат – прекин на работата.
На приватниците им доцни исплатата за јуни, јули и за август. Авансот не се дава редовно, па поради тоа дел од нив најавуваат повторен штрајк доколку не се намират сметките, дознава Плусинфо.
„Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно започнаа проблемите со исплатата на парите од страна на ЈСП. Веќе ни доцнат повеќе од 3 месеци, а никој не ни кажува во што е проблемот. Ова е неприфатливо и неодговорно од ЈСП, кое е јавно претпријатие и треба да ги почитува своите обврски кон приватните превозници“ вели сопственик на приватен автобус за Плусинфо.
Потсетува дека приватните превозници имаат трошоци за гориво, сервис на возилата, осигурување, плата за возачите и за други работници и дека не можат да работат без пари.
Тие бараат од ЈСП да им ги исплати сите пари што е можно поскоро.
„Ако не го направат тоа, ние ќе бидеме принудени да престанеме со работа и повторно да штрајкуваме“ вели соговорникот на Плусинфо.







