Град Скопје бара автобуси и возачи за линиите 20 и 22

Објавен е Јавниот оглас за доделување линии и за давање на дозвола за линиски превоз на патници за линиите 20 и 22.



За линијата 20, десет автобуси и 23 возачи, а за линијата 22, десет автобуси и 21 возач.

„Пријавите со потребната документација се доставуваат од 09.12.2022 година, заклучно со 10.01.2023 до 12 часот. Отварањето на поднесените затворени пријави ќе се одржи на ден 16 јануари 2023 година во 9 часот во барака бр.13“, стои во Јавниот оглас објавен од страна на Град Скопје.

Пакетот на линии од овој оглас се доделуваат за период од две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно 5 години.