Говорот на Вучиќ предизвика „мачнини“ кај БГНЕС: Имал антиевропска реторика

„Сакам да кажам нешто за добрите луѓе кои живеат овде, за нашите браќа Македонци и за нашите српско-македонски односи. Јас не се плашам да кажам дека Македонците ни се најблизок народ, ние поблизок народ немаме. И нешто што јасно го кажувам е тоа дека ние ништо не бараме од Северна Македонија. Немаме никакви услови за ништо и ништо не очекуваме од вас. Сакаме само нашите односи да ги градиме да бидат уште поблиски, уште подобри. Не бараме од вас ниту промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа. Единствено што бараме од вас е да ја прифатите нашата подадена рака. Ние меѓусебно немаме никаков проблем“, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Светосавската свечена акдемија вечерва во Скопје. По ова, бугарската новинска агенција БГНЕС излезе со извештај и со коментар за настанот со посебен фокус на обраќањето на Вучиќ.



Според овој медиум, Вучиќ се приклучил на антиевропската реторика и пропаганда, која, како што се наведува, води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија.

Известувајќи за настанот, новинската агенција, веднаш на почетокот, по првиот воведен пасус, ја цитира изјавата од говорот на Вучиќ во која тој вели:

„Србија не бара од Северна Макеоднина промена на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа“. Се наведува и дека Вучиќ празникот го прослави заедно со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски и дека на настанот присустуваа и претставници на Република Српска (српскиот ентитет во Босна и Херцеговина).