Бранко Радуловиќ, пратеник на опозицискиот Демократски фронт во Парламентот на Црна Гора, со својот говор во дебатата за Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО го привлече вниманието и на македонската јавност.
„Ве поздравувам македонски народе, многу ве сакам и благодарам за сите убави денови што ги поминавме заедно“, го почна своето обраќање на македонски јазик проф. д-р. Радуловиќ, во кое нагласи дека „за мене, за нас од Црна Гора, постои само една Македонија“, а го заврши со извинувањето за поддршката од „марионетското мнозинство во Црна Гора за марионетската власт во Македонија“ со изгласувањето на Протоколот.





