Неверојатен говор на омраза на еден од главните медиумски пропагандисти на СДСМ Бранко Тричковски кон старо новиот претседател на Здружението на новинарите Младен Чадиковски кој вчера доби нов мандат на чело на ЗНМ.
Провладиниот портал Фронтлајн на Џабир Дерала кој држеше говор на митинг на СДСМ ја објавува колумната на Тричковски за која и лудак ќе разбере дека е говор на омраза.
Причината најверојатно треба да се бара во фактот што за Чадиковски гласаа и новинари кои се блиски на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текстот Тричковски го споредува Чадиковски со ,,слатка мала ку*ва”. Со истиот епитет Тричковски ги означува и сите над 400 новинари кои што гласаа на изборите за лидер на ЗНМ. Над половина од нив се жени.
,,Ха, па тоа беше како избор на Мис на девственоста во куплерајот што се вика Зона на невиноста во меѓуушјето.
ЗНМ.
Очекував поголема возбуда, но и вака се случи убава претстава во која слатките мали курви ја избраа најслатката меѓу себе.
Браво, честитам.
Младен делува така невино.
Дури мислам дека многу мераклии ќе имаат проблеми со ерекцијата при средбата со оваа разоружувачка чистота и благост.
Со неговата неповторлива екстравиргиналност.
Ладно цедена”, стои во гнасниот текст на Тричковски.





