Лидерот на опозициската „Потами“, Ставрос Теодоракис, денеска го извести грчкиот парламент дека го исклучува од партија пратеникот Спирос Данелис.



Одлуката за исклучување доаѓа по синоќешната изјава на Данелис дека ќе гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас што е спротивно на ставот на „Потами“.

Гласот на Данелис, кого грчките медиуми го нарекоа и „Господин 151“ му обезбедува мнозинство од 151 пратеник на владата на гласањето закажано за утре.