Портаролката на руското МНР, Марија Захарова, на Телеграм се пошегува со одлуката на Кока-Кола да го прекине своето производство во Русија.



„Кока-Кола објави дека повеќе нема да произведува и продава пијалоци од брендот во Русија. Господи, со што ќе ја измиеме ‘рѓата?!“ се потсмева дипломатката,пренесоа медиуми

Во Русија има десет фабрики на Кока-Кола. Американското седиште објави прекин уште на почетокот на март поради окупацијата во Украина, но производството на пијалоци продолжи.

Вчера, дистрибутерот на компанијата за Русија и официјално го најави прекинот.