,,Господ да те земе”: Еврокомесарот Вархеи доби клетви, закани и барање Унгарија да си го смени името

Унгарскиот претставник во Европската комисија доби стотици негативни коментари само на веста на Сител ТВ во која се зборува за ставот на Брисел за спорот со Бугарија и почеток на преговори.



,,Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија и Албанија може да се одржи во наредните денови, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Многу напори се направени за да се надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега е време сите чинители да го направат последните чекор. Имам големи надежи дека меѓувладината конференција со Албанија и Македонија може да се одржи за неколку дена. Овие земји испорачаа сѐ е што е побарано од нив. Тие се подготвени, треба и ние да бидеме. Имаме решение на маса кое е одобрено од бугарскиот парламент. Сите пречки се надминати, ЕУ треба да напредува, изјави Вархеји.

Тој истакна дека ЕУ е решена да го внесе целиот регион во ЕУ и дека земјите од Западен Балкан ќе бидат интегрирани во сите механизми за ублажување на кризите, вклучително и за безбедност на храна и за набавка на гас”, се вели во веста на која македонските читатели му упатуваат жестоки критики.

Дел од коментарите:

Бугарија го прифати решението но над не ни одговара не прифаќаме бугаризација на Македонија дедовците нашите ќе се превртуваат во своите гробови

А каде сме ние во приказнава!? Нѐ праша ли некој дали ние како народ се согласуваме? Кој дал согласност од наша страна треба да одговара за предавство.

Според овој фашист се е завршено само Македонија самата да си купи јаже, да се качи на столчето и да си го намести јажето.

Вие така мислите господине ,Македонците не ги интересира решенија од туѓинци кои се мешаат во внатрешните работи на Македонија

Сега бараме Вархеји и неговата земја да го смени името… па ќе размислиме

Само што главниот чинител (Македонија) кажа НЕ за францускиот понижувачки предлог!
Ова е како што неуспешниот референдум го прогласија за успешен, против волјата на народот, така и сега и покрај одбивањето овие си тераат понатаму.
Ова е дефинитивно забеган и ненормален свет….

Пак лицемерство и вешто манипулирање ама веќе сте прочитани кај граѓаните а политичарите треба да го следат гласот на народот и да не наседнуват на вакви провидни замки од страна на ЕУ и Бугарија дохолку сакат да си ја сочуват државата ваква лицемерна и вазална ЕУ не ни е потребна

а бг. да ги прифатеше црвените линии на Македонија,да дојдеа како Германија да се извинат за сторените злостоства за IIсветска војна,да признаат дека бг. јазик е источномакедонски дијалект,дека во бг. живеат повеќе од 55%Македонци и дека бг. историја е Македонска и т.н да не набројувам понатаму има многу работи ………..

Сега следува асимилација на македонскиот народ и на крајот анексија…..

Сите коментари на овој линк

https://www.facebook.com/667988173255109/posts/5258743067512907/