Гошев: Нема добри прогнози во однос на излез од кризата

Сѐ поизвесно е дека таа ќе потрае и очекуваното закрепнување на економијата нема да се оствари не само кај нас туку и во пошироки рамки. Земјите се затвораат поради борбата со пандемијата и новите видови на коронавирусот, а тоа се одразува на економијата која и понатаму успорува, вели поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев.



Тој смета дека сето она што се случува во економијата може да влијае и на работењето на банките, па затоа е претпазливоста на Народната банка во однос на одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем во актуелната неизвесност и понатамошниот тек на кризата – вели Гошев.

Изјавата на Гошев е во контекст на одлуката на Советот на Народната банка привремено да ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Гошев оценува дека сепак банките, како и во изминатиот период, така и во последните месеци, успешно ја одржуваа својата стабилност, при што кредитите и натаму растат, а капиталните позиции на банките се стабилни.