Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за два денара за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), пак, се намалува за 13 денари и ќе изнесува 41,50 денари за литар, додека малопродажната цена на мазутот останува на исто ниво.
Така, уросупер БС-95 ќе чини 61 денар на литар, еуросупер БС-98 63 денари, еуродизел БС 52,50, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 и мазут М-1 НС- 30,823 денари за килограм.
Според објаснувањето од РКЕ, ова се случува од причина што Уредбата за одредување на скалеста акциза престанува со важност.
Од полноќ во земјава повторно во сила е Законот за акцизи, кој ќе се применува со иста важност како што беше пред 1 април 2020 година и измената во јуни кога неговата примена беше регулирана со Уредба со законска сила поради вонредната состојба, чија важност истекува.




