Утринава пред 7 часот скопските пожарникари биле повикани да гаснат оган во зграда во центарот на Скопје каде избувнал пожар.
Во зградата е сместен Секретаријатот за европски прашања, владиното тело кое се занимава со европските интеграции кое од пред неколку дена е предводено од екс министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Во интервенцијата се ангажирани најмалку 5 противпожарни возила и дваесетина пожарникари.
Во зградата која е лоцирана на кејот„Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, покрај СЕП е сместен и Државниот инспекторат за животна средина и Медиумската информативна агенција. Според Алсат М сите вработени од институциите се евакуирани.
СЕП, пред 5 минути. pic.twitter.com/vHtzOXaUKo
— అర్సిమ్ జెకోల్లి (@ArsZek) September 9, 2020






