Нешто после 14 часот денеска се појави огромен црн облак над поранешната фабрика за мебел „Треска“ во Скопје.
Прво се слушнала експлозија, па потоа избувнал силен пожар, велат за Фактор сведоци на пожарот кај Треска.
Во моментов таму се пожарникарските екипи, а се евакуираат лица од околните куќи.
„Горат објекти на просторот кај поранешната фабрика Треска“, потврдија од Противпожарната единица Скопје.
Гори имотот на фабриката Треска во центарот на Скопје, потврдува и порталот Инфомакс!
Од таму наведуваат дека е многу интересно како за краток период се запали уште една напуштена локација на ексклузивна градежна локација во Скопје!







