На мирен протест на членови на СДСМ од Радовиш, вчера се палеа членски книшки и партиското знаме.
Протестот го организирале членови на СДСМ од Радовиш, приврзаници на актуелниот градоначалник Герасим Конзулов, кои поради незадоволството од изборот на новиот кандидат за градоначалник Коле Чаракчиев го запалиле партиското знаме а се палеле и членски книшки.
Како што забележале од ТВ Кобра во партискиот штаб на СДСМ било мирно а во него немало никој од партијата во моментот на инцидентот.





