Гордана Јанкуловска е бремена, посебно ќе ѝ се суди за „Тенк“

Поранешната министерка за внатрешни рабори Гордана Јанкулоска не се појавила на денешното рочиште за случајот „Тенк“ за набавката за мерцедесот од 600 илјади евра.



Таа преку преку адвокатите доставила лекарско уверение во кое наведува дека е бремена, но и дека се работи за ризична бременост, пренесе ТВ21.

Поради ова Специјалното обвинителство побарало раздвојување на постапката.

Во овој предмет обвинети се и екс-премиерот Никола Груевски и поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски.